Процедурални активности за фискална контрола

Проверка на идентитет

По застанување на транспортното средство, органот за приходи извршува прверка на идентитетот на возачот и на сите лица во транспортното средство кои ја придружуваат стоката и според документите и/или со увид на место, утврдува дали со транспортното средство се превезува стока со висок фискален ризик.

Превоз на стока со висок фискален ризик

Во случаите, кога се превезува стока со висок фискален ризик, органите за приходи извршуваат проверка на придружната документација на стоката, за да ги утврдат/идентификуваат:

  • Видот и количината на стоката;
  • Добавувачот/продавачот на стоката;
  • Примателот/купувачот на стоката:
  • Датумот и местото на примање/истовар на стоката, а при преминување на транспортното средство низ територијата на Република Бугарија од една држава членка на Европската унија во друга држава членка – датумот и местото преку кое транспортното средство треба да ја напушти територијата на државата.

Недостаток на документи

Кога ќе недостасуваат документи што ја придружуваат стоката или кога истите не ги содржат погоре опишаните податоци, и/или податоци за очекуваниот час на примање/истовар, возачот на транспортното средство и/или лицето што ја придружува стоката го пополнува/ат образецот од декларацијата. 

Промена на датум; час и место на примање/истовар на стоката

Датумот и местото на примање/истовар на стоката, како и изјавениот час на примање/истовар кои се наведени во документацијата или се пријавени од возачот на ТС/лицето, можат да бидат променети од примателот/купувачот со поднесување на образец на барање по електронски пат. Барањето се испраќа на адреса fisc.control@nra.bg и се смета за примено по потврдување на неговото примање.

Важно! При изјавување на очекуваниот час на примање се користи бугарската временска зона. 

Поставување на технички средства за контрола /ТСК/ 

Кога ќе се превезува стока со висок фискален ризик со транспортното средство, органите за приходите имаат право да постават ТСК врз транспортното средство и печат/штембил со натпис „висок фискален ризик“ врз превозниот документ. Секое ТСК поседува уникатен број. 

За поставените ТСК се составува записник за фискална контрола, а еден примерок од истиот му се дава на возачот на транспортното средство и на лицето што ја придружува стоката. Во записникот се запишуваат сите факти и околности од извршената фискална контрола.

Отстранување на поставени ТСК

ТСК се отстранува само од органот за приходи, на следниот начин:

  • При купување на стоки со висок фискален ризик внатре во заедницата – на местото на примање/истовар на стоката;
  • За стоки со висок фискален ризик кои преминуваат низ територијата на Р.Бугарија од една држава – членка на Европската унија, во друга држава членка – пред излегување на транспортното средство од територијата на државата;
  • При движење на стоки со висок фискален ризик внатре во државата – на местото на примање/истовар на стоката/
  • При достава на стоки со висок фискален ризик внатре во заедницата – пред излегување на транспортното средство од територијата на државата;

Важно! При истовар на стока на неколку различни места – на секое од местата на истовар, ТСК се отстранува а по истоварот на стоката се поставува ново ТСК.

При превоз на стока со висок фискален ризик и друга стока, во текот на истоварот на другата стока не е потребно присуството на нејзиниот примател/купувач.

Во случаите на сомнеж дека за превоз на стоки со висок фискален ризик се користат транспортни средства со носивост под 3 тона со цел заобиколување на контролата, ќе се применуваат одредбите за извршување на фискална контола.

Одредување на претходна гаранција при фискална контрола

Случаите за кои се одредува претходна гаранција при фискална контрола од страна на јавен извршител и/или орган за приходи, детално се регулирани во чл. 121а, став 1, т. 1 - 4 и став 2 од ЗДП.

Оспорување на активностите на органот за приходи при извршување на фискална контрола

Активностите на органите за приходи при извршување на фискална контрола врз движењето на стоки со висок фискален ризик, можат да се оспорат во 14-дневен рок од нивното извршување, пред територијалниот директор на ТД на НАП според локацијата на објектот/местото на нивното извршување, врз основа на чл. 127ж во врска со чл. 41 од ЗДП. Жалбата не ги одложува преземените активности. 

Административна прекршочна одговорност

Лице што нема да исполни своја обврска во текот на извршување на фискална контрола врз движење на стоки со висок фискален ризик, носи административна прекршочна одговорност, која се остварува според редоследот на Законот за административни прекршоци и казни.